МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Следуваат поројни дождови, грмежи и невреме!
Почнувајќи од утре (понеделник 21 април) па речиси до крајот на неделата под влијание на циклонска активност над Медитеранот, во нашата Република Македонија ќе има честа појава на повремени врнежи од дожд, и истите на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, однсоно поинтензивни и проследени со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопскиот регион следува многу променливо време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопската котлина е можна појава на невреме.
Температурите и поркај ова остануваат без некоја поголема промена во однос на оние кои ги имаме сега, што значи продолжува топлото време, а барем одсега гледано, позначителен пад на температурите ќе имаме за време на следниот викенд.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува присуство на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер авотмобилите да се зашитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат во близина на дрвјата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by