“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Попладнево се очекува постепена дестабилизација на атмосферата проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Почитувани мои, како што и претходно најавив, во текот на денешното попладне се очекува постепена дестабилизација на атмосферата во Македонија, и тоа поради влијанието на високиот циклонски систем кој ќе биде со центар јужно и југоисточно од нас (односно над Грција и Турција).
Во ваква ситуација, денес попладне и во раните вечерни часови, особено во јужните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста во овие предели да има и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Во Скопје денес условите за нестабилност ќе бидат помали.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 35 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by