МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!
Ладното време како што и претходно кажав и најавив, ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па во деновите потоа ќе има локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег и повеќе застапени во западните и во југозападните предели од нашата Македонија. Во овие предели, во дел од градовите ќе се формира помала снежна покривка, а на планините, секако и Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.
Сето ова ќе биде проследено, со слаб до умерен, повремено умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, од вторник па во деновите потоа ќе има услови за повремени послаби врнежи од дожд и од снег, или од појава на повремен послаб влажен снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро и понатаму на повеќе места ќе бидат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни ќе бидат уште пониски за разлика од сегашните и на повеќе места ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а на повисоките населени места,м планините, како и на Скијачките центри тие ќе бидат до околу, па и под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by