“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во недела и во понеделник многу постуден бран ќе ја зафати Македонија!
Под влијание на многу постудена воздушна маса од север, која ќе биде поврзана со Атмосферски фронт, во недела и во понеделник ќе имаме нагла и голема промена на времето. Ќе има поголема облачност, особено во недела кога ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Не се исклучува можноста и за појава на локално невреме.
Во недела и во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час), и истиот најмногу ќе биде изразен Долж Повардарието. Во недела попладне и во вечерните часови, и тоа поради заладувањето, можно е провејување на снег на највисоките планински места во државава.
Што се однесува до температурите, тие во недела попладне и навечер нагло и значително ќе опаднат, за околу, па дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние кои ги имаме сега. Во северните предели температурите ќе опаднат и за повеќе од 15 степени, па така особено постуден ден ќе биде понеделник кога наутро температурите ќе се спуштат во интервалот од 3 до 11 степени, на високите и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, или за некој степен под нулата, а максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Уште постудено утро и тоа поради целосното разведрување ќе имаме во вторник кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени. НАПОМЕНА: Во понеделник и во вторник наутро е можна појава на слана и на мраз на повеќе места низ Македонија.
Оваа нагла и бурна промена на времето секако лошо ќе се одрази врз метеопатите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by