Медитерански влажен бран над Македонија: Наврнаа над 20 литри воден талог на метар квадратен, на Попова Шапка има нов снег!
Денешното утро и претпладнево во Македонија имаме релативно високи температури на воздухот, кои насекаде се позитивни, односно над нулата, и тоа поради јужното воздушно струење. По котлините пак има појава на магла и на ниска облачност.
Најладно од градовите утринава до 7 часот беше во Берово со измерени 3 степени, а највисока минимална температура во исто време е измерена во Демир Капија, и тоа 10 степени.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени утринава до 7 часот по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, најмногу воден талог до 7 часот утринава има наврнато на Попова Шапка, и тоа 21 литар на метар квадратен, каде во текот на изминатата ноќ имаше и врнежи од снег. Снежната покривка пак изнесува 36 сантиметри на Попова Шапка и 19 сантиметри во Маврово.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Според она што можам да го кажам со најновото ажурирање на прогностичките материјали е тоа дека околу и по Водици Македонија ќе влезе во нов влажен и ладен период. Во ваква ситуација повторно очекувам појава на врнежи, повремено пообилни и тие ќе бидат од дожд и од снег а повремено ќе врне и само снег и очекувам ново формирање [...]


by