(МАПА) Погледнете до каде е и како се движи најавеното невреме!
Во моментов од северозапад, кон западните и југозападните предели од Македонија се спушта влажна и нестабилна воздушна маса која доцна попладнево и вечерва ќе услови локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Еве го правецот на движење на нестабилноста:

Поради енеријата во Атмосферата, локално процесите можно е да бидат поинтензивни (во форма на невреме), проследено со интензивен пороен ожд, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат крајно внимателни, и да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Да напоменеме дека локална нестабилност е можна и во делови од Скопската котлина.
Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, што значи дека топлиот Африкански бран продолжува и понатаму во следните денови, со тоа што утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец, а атмосферата ќе биде многу постабилна за разлика од денес.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Со продорот на значително полaден воздух од север кој ќе пристигне се до југот односно до Јонско море и јужен Јадран ќе дојде до формирање на секундарен циклон кој од ноќва и на ден недела 1 Февруари ќе ни донесе нов снег на повисоките населени места, планините и на Скијачките центри и нова снежна покривка со висина од 10 [...]

by