Македонија следнатa седмица ќе биде под влијание на нов Сутропски Антициклон!
Под влијание на Сутропски Антициклон кој одржува стабилно, суво, сончево и многу топло време следната работна седмица, односно во периодот од (понеделник 30 јуни) до (петок 4 јули) ќе ја зафати територијата на нашата Република Македонија. Времето ќе биде претежно сончево со нов значителен пораст на температурите на воздухот, односно, повторно ќе биде многу топло, а повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено во почетокот на седмицата.
Што се однесува до температурите, тие во погоре споменатиот период ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време со температура која ќе се искачува до околу 38/39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by