МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА СРЕДОЗЕМЕН ЦИКЛОН: Следуваат нови пообилни врнежи од дожд и снег!
Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од Средоземјето, денес (недела) во попладневните часови и околу полноќ кон утрешниот ден (понеделник) во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег.
На планините и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Пообилни врнежите ќе бидат во западните предели ( ќе наврне воден талог и до околу 20 литри на метар квадратен).
Во Скопје и околината исто така денес (недела) попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од југоисточен правец. На околните повисоки планини ќе врне снег.
По полноќ и утре (понеделник) претпладне и околу пладне ќе биде претжено суво, а нови повремени локални врнежи од дожд и снег на палнините над 1500 метри надморска височина ќе имаме ќе имаме утре (понеделник) доцна попладне и навечер, а особено во вторник.
Што се однесува до температурите, тие денес (недела) ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени. Утре (поенделник) преку ден ќе биде потопло со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Наутро пак утре (понеделник) ќе имаме повисоки минимални температури и тоа поради пооблачното време, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа во Македонија имавме многу нестабилна Атмосфера, и тоа поради притката фронтална долина која е распространета во југоисточна Европа, секако и во нашата Република Македонија. На повеќе места се забележаа поројни врнежи од дожд, грмежи како и засилен ветер. Процесите локално беа и поинтензивни во форма на невреме. На табелата можете да ги видете денешните измерени [...]