Македонија на удар на нови обилни дождови, ветер и грмежи, доаѓа и снег
Под влијание на циклонска активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент и на голем влажен бран денес попладне и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (Четврток 8 Јануари) насекаде во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од на 60 км/час). Локално ќе наврне ново значително количество на воден талог (над 40 литри на метар квадратен воден талог).
Поради продор на ладен воздух од север вечерва и ноќва врнежите од снег и снежната покривка на планините ќе се зголемува и проширува а снежната граница ќе се спушта па така врнежи од снег ќе имаме и во повисоките населени места со надморска височина до околу 1000 метри, а понатамошто постојано спуштање на снежната граница ќе имаме од утре (Четврток 8 Јануари) од утринските часови па натаму кога снег ќе има во повеќе делови од Македонија.
Во Скопје и околината исто така очекувам врнежи од дожд повремено пообилни и поројни и проследени со засилен јужен ветер и со услови за појава на ретки грмежи. Ноќва на околните планини ќе има и врнежи од снег а до утре изутрина провејување на снег може да има и во делови од Скопската котлина, особено во повисоките предели од котлината.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, меѓутоа од вечерва а особено од ноќва тие значително и брзо ќе опаѓаат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Екстремно ладен бран од север го зафати целиот Балкан а најпогодени се Словенија и Хрватска каде на повеќе места ова утро температурите се спуштија под -15 степени а локално и под -20 степени, во делови од Словенија температурата се спушти дури до -25 степени а во Горски Котар во Хрватска измерена е температура од -23 степени. Екстремно ладниот бран [...]


by