Нагло и големо заладување во Македонија, следува снег на повеќе места
Во овие утрински часови од денешниот ден Четврток 8 Јануари 2026 во Македонија поради продор на ладен воздух од север врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели од Македонија а снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија а особено во западните предели ќе се формира снежна покривка, поголема на повисоките населени и планински места и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, локално до околу па и над 20 сантиметри.
Во градовите локално ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од западен и од северозападен а потоа и од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Послаби врнежи од снег ќе има и во Скопје и околината проследени со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 3/4 степени. На повисоките населени и планински места температурите ќе бидат под нулата и преку ден.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by