ЛЕТОТО НЕ СЕ ДАВА: Летни септемвриски температури во Македонија и следната седмица!
Во текот на следната седмица нашата Република Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка и истата ќе условува да имаме топло време со натпросечно високи температури на воздухот за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Само кон средината на седмицата ќе има повеќе облачност со услови за локален дожд и ретки грмежи.
Што се донесува до температурите тие во текот на следната седмица и понатаму на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 35 степени.
Слични температури, односно температури од над 30 степени ќе имаме и во Скопје и околината.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by