Летни температури нема, и понатаму ќе биде невообичаено ладно за месец мај!

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север и од североисток, денешниот ден (недела 25 мај) во нашата Република Македонија ќе биде многу ладен и дождлив насекаде, Локално, особено во јужните  и во источните предели врнежите ќе бидат обилни (во овие предели ќе наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен).

Поради падот на температурте, на планините со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе има повремени врнежи од снег, со што можно е формирање на помала снежна покривка.

И во Скопје и околината денешниот ден (недела 25 мај) ќе биде дождлив и ладен.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата денес (недела 25 мај) ќе се искачи само до околу 15 степени.

Потпросечните температури на воздухот ќе се задржат и во периодот од (понеделник 26 мај, до недела 1 јуни). Понеделник  (26 мај) ќе биде претежно стабилен и сув ден, додека ново дестабилизирање на атмосферата и нови врнежи ни следуваат веќе од вторник (27 мај).







Занимливости

  • 16 Ное 2025

    Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]