Ладен викенд е пред нас, ќе провејува и снег, локално и под 1000 метри
Овој викенд во нашата Македонија ќе имаме релативно ладно и променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и тоа особено во југоисточните предели од нашата Македонија. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на ладна воздушна маса која се спушта од север кон нашата Македонија.
На планините и на повисоките населени места над 1000 метри надморска височина повремено ќе провејува снег. Провејување на слаб снег локално може да имаме и на местата под 1000 метри надморска височина особено во западните и во северните предели од нашата Македонија. И во Скопје и околината ќе имаме променливо облачно и релативно ладно време со слаб до умерен ветер од северен правец. На околните планини ќе провејува слаб снег.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени а преку ден максималните температури кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 2 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 6 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by