Ладен бран од североисток викендов носи сув студ и температури до -10 степени
Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Сепак овој ладен бран ќе биде сув и ќе донесе сув студ и многу ветровито време особено во недела (28 декември) кога повремено ќе дува силен ветер од северен правец кој во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
Времето ќе биде ведро и сончево со мала локална облачност.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Уште поладно утро ќе ни донесе денот понеделник 29 декември кога наутро температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен додека на високите места и на планините тие има услови да се спуштат и под -10 степени.
Во Скопје и околината викендов наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 8 степени. И во Скопје и околината викендов повремено ќе дува силен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 км/час.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by