ЛА НИЊА СЕ ВРАЌА: Јули и август кратки топлотни бранови, тука се и временските непогоди!
Климатолошкиот феномен ЛА НИЊА кој веќе долго време го споменувам и под чие влијание бевме изминатата зима, по неговото слабеење во почетокот на оваа 2025 година, во втората половина од летово, како и во есенските месеци повторно позначително ќе засили и ќе влијае на временските услови кај нас.
Во ваква ситуација кај нас во Македонија, но и во регионот ЛА НИЊА треба да донесе повеќе и почести врнежи, како и временски непогоди, а со тоа и нови поројни поплавувања.

Што се однесува до топлотните бранови во јули и во август, истите ќе ги има, нормално, ќе имаме и засилени топлотни бранови кои ЛА НИЊА нема да дозволи да траат многу долго, како минатото лето кога се соочивме со екстремни и долги топлотни бранови и екстремни сушни периоди.
Се на се, пред нас се нови бројни временски непогоди, и за истите да бидеме подготвени, кои поради климатските промени ќе бидат се посилни и по екстремни.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by