Краткотрајно, но големо затоплување во Македонија: Денес измерена максимална температура од 17 степени
Пред надоаѓањето на големиот снежен и ладен бран во Македонија од овој викенд, денес имавме значително натпросечни температури на воздухот за овој период од годината, проследени со повремено засилување на ветерот од јужен и од југозападен правец. Највисока температура до 16 часот е измерена во Битола, дури 17 степени и воедно оваа температура е максимална температура за денешниот ден.

Најниска температура пак денес од градовите имавме во Тетово, каде се измерени максимални 8 степени. На табелата исто така можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија попладнево до 16 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку, снежната покривка денес изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 28 сантиметри во Маврово и 7 сантиметри во Крушево.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by