КРАТКА МЕТЕО НАЈАВА: Во текот на претстојната ноќ врнеживо, локално и нестабилно со грмежи – Ќе дува и силен јужен ветер (над 60 км/час)
Во текот на претстојната ноќ над територијата на Македонија и тоа од запад, ќе помине еден поголем влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд. Сето ова ќе биде проследено и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час) и истиот ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.
Локално пак ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер (локално во форма на невреме, а можна е и ретка појава на град).

Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен, до повремено силен јужен ветер (во делови од котлината ветерот би можел да достигнува брзина и од над 60 км/час).
Сепак температурите остануваат високи.
Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија веќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата е многу заматена. Дождот кој го очекуваме во текот на претстојната ноќ ќе биде валкан и помешан со истата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by