Крајна претпазливост: Обилни врнежи од снег на повеќе места во Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег се бележат во Крушево,Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража,Пресека,Буково и Ѓавато. Од 9.20 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка.Од 9.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево во двата правца.
Од 05.45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by