КОНЕЧНО: Летни температури над 30 степени ни носи новата седмица
Новата седмица ни носи летни температури во Македонија кои на повеќе места ќе се искачуваат помеѓу 25 и 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 30 степени.
Очекувам постабилна атмосфера во текот на новата седмица, но повремено и локално повторно секако може да рачунаме на развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Сепак, за разлика од западна и југозападна Европа каде е многу топло, засега кај нас не очекувам екстремно високи температури на воздухот и тие ќе бидат далеку попријатни и поумерени.
Најновата метео анализа за седмицата која што ни претстои можете да ја слушнете во моето најново видео обраќање до јавноста.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by