Кон Македонија доаѓаат нови обилни и поројни дождови, грмежи и ветер
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, до вторник претпладне (11 Ноември) во нашата Република Македонија продолжуваат повремените врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на невреме.
И во Скопје и околината до вторник претпладне (11 Ноември) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
За време на овој период локално повторно ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите тие ќе бидат малку над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 16 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by