КАМЕН ЛАДНО: Денешната минимална најниска температура се спушти на -10 степени, ладниот бран ќе продолжи!
Изминатото денешно утро повторно насекаде во Македонија донесе многу ладно време, па така најниска температура беше измерена во Берово, и тоа -10 степени. Највисока минимална температура е измерена во Гевгелија, и тоа 2 степени.
Инаку времето во Македонија е претежно облачно, но во западните и во југозападните предели понатаму ќе започнат врнежи со слаб до умерен интензитет, и истите ќе бидат од дожд и снег на пониските места (градовите), и само од снег во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри, каде постојната снежна покривка малку ќе се зголеми.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во текот на изминатото денешно утѕро по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

На втората табела можете да ги погледнете денешните температури измерени до 10 часот, исто така измерени на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден во Македонија 3-ти март 2026 година вторник беше натпросечно топол и сув со појава на мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб ветер од променлив правец. Инаку територијата на Македонија периодов се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла воздушна маса од југ која условува релативно високи температури на воздухот за овој [...]


by