Почетокот на март ни донесе вистинско пролетно време во Македонија
Денешниот ден понеделник 2-ри март 2026 во Македонија беше релативно натпросечно топол и пролетен со температури повисоки од нормалните за овој период од годината. Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на потопла воздушна маса од југ и токму ова условува да имаме пролетно време на самиот почеток од месец март.

На табелата која попладнево ја објави УХМР може да видиме дека најтопло е во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија каде температура на повеќе места и градови достигна 17 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by