Како зима да доаѓа, а не лето: Обилни врнежи и многу ладно е во нашата Македонија!
Денешното утро (недела 25 мај) во нашата Република Македонија е значително ладно, облачно и врнежливо на многу места. Токму ова е поради влијанието на ладната и влажна воздушна маса која се спушта од север и од североисток. Повремено дува ветер од северен правец и тој засилува на интензитет.

На првата метеоролошка карта можете да ги погледнете температурите ова утро измерени низ нашата Македонија.

На втората метеоролошка карта можете да го погледнете наврнатото количество на воден талог и тоа во литри на метар квадратен до сега. Најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 17 литри.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро вторник 16 јуни, во Македонија ни донесе топло и умерено облачно време. Особено во Повардарието дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека во останатите места од Македонија е претежно тивко. Најниска минимална температура ова утро е измерена во Берово и тоа 9 степени, а највисока минимална температура од 19 степени ова утро е измерена на [...]


by