Изгледи на времето за првата седмица од август: Нестабилно, посвежо и со почести врнежи!
Според најновото ажурирање на прогностичките модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS), во првата седмица од месец август, односно, во периодот од петок (1 август) до следниот четврток (7 август) во нашата Република Македонија ќе имаме нестабилно, посвежо и променливо време со почеста појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и со услови за појава на град.
Што се однесува до температурите, наутро тие би се спуштале во интервалот од 10 до 19 степени, додека преку ден тие на повеќе места ќе бидат под 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели од нашата Република Македонија температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, што значи дека пред нас е посвежо, односно по пријатно време, а наутро како што веќе кажав ќе биде и значително посвежо.
Под влијание на посвежа воздушна маса од север, во првата седмица од август ќе имаме потпросечни температури на воздухот во нашата Република Македонија, но и во целиот регион.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]


by