Имавме посвежо утро во Македонија, попладнево повторно локален пороен дожд
Денешното утро во Македонија четврток, 18 јуни ни донесе ведро и малку посвежо време а најниска температур до 8 часот утрово беше измерена во Берово и тоа 6 степени. Најмногу дожд пак во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврна во Гевгелија, и тоа 17 литри на метар квадратен дожд.
Најтопло ова утро пак беше на Скопје Зајчев Рид со измерени 16 степени.
Ова утро беше претежно тивко и без некој изразен ветер во Македонија.
Во текот на денов повремено пак ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 31 степен.
Попладнево повтроно ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by