ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Силниот ветер остави без електрична енергија голем број на домаќинства и во Ирска
Невреме во Велика Британија и Ирска предизвика откажување на летовите во двете земји и остави без струја илјадници домови во Ирска, објавија британските медиуми.
Невремето, наречено „Кетлин“, погоди голем број летови на аеродромите во Ирска и Велика Британија, вклучувајќи ги аеродромите во Манчестер, аеродромот во Белфаст и аеродромот во Даблин. Во Шкотска, од невремето беа погодени и железничките и фериботите.
Силниот ветер предизвика прекин на електричната енергија. Околу 34.000 домаќинства и бизниси останаа без струја во Ирска.
Извор: Република
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by