ЕВРОПА ЈА ЗАФАЌА ПРВИОТ ТОПОЛ БРАН: На удар се Шпанија и Португалија
Западна и југозападна Европа овие денови, односно до крајот на неделава ги очекува многу потопло време со брз и голем пораст на температурите на воздухот. Особено на удар ќе биде југозападна Европа а тоа значи дека ја очекува првиот поголем топол бран за оваа сезона. Деновиве, односно до крајот на неделава во Шпанија и во Португалија ќе се мерат многу високи летни температури на воздухот каде на многу места тие ќе надминуваат 30/35 степени, а локално температурите ќе се искачат дури до близу 40 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите очекуваните температури кои се очекуваат во југозападна Европа, односно во Шпанија и во Португалија следните денови.
Инаку да напоменам дека изминатиот подолг период речиси цела Европа се соочуваше со невообичаено ладно време за месец Мај со чести врнежи, грмежи, ниски температури, силни ветрови и врнежи од снег на планините и во Алпскиот регион.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by