ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН: Во Грција се очекуваат температури дури над 45 степени!
Најсилно погодена држава од овој екстремно топол бран од Африка кој го зафати целиот Балкан, секако вклучувајќи ја и нашата Република Македонија е соседна Грција каде деновиве ќе има исклучително високи температури на воздухот.
Во соседна Грција овие денови температурите на многу места ќе надминуваат 40 степени, а во делови од оваа наша соседна држава температурите ќе надминат дури и 44/45 степени.
Овие температури се значително над повеќе годишниот просек, односно истите се повисоки дури и за повеќе од 10 степени од повеќе деценискиот просек за периодот од 1993 – 2016 година. Овој екстремно топол бран својот интензитет ќе започне да го намалува дури од недела (27 јули), а значително освежување со локална појава на нестабилност проследена со врнежи, грмежи и можност за локално невреме ќе имаме во текот на следната седмица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by