ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА И ОВАА РАБОТНА НЕДЕЛА: Температури до околу 45 степени, како и тропски ноќи
Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени. Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.
Тука се и тропските ноќи, односно температурите на повеќе места во Македонија во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by