ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ БРАН ОД АФРИКА ПРОДОЛЖУВА И ВО НОВАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Температури до околу 45 степени, но и тропски ноќи
Новата работна недела која е пред нас и понатаму ни носи екстремно високи температури на воздухот, но со тоа што тие ќе бидат дури и повисоки за разлика од изминативе денови. Нашата територија се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка, а под оваа екстремно топла воздушна маса се наоѓа и целиот Балкански Полуостров.

Времето во текот на новата работна недела ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, но тие повремено во најтоплите централни и југоисточни предели од државава ќе се искачуваат дури до околу 45 степени. Во Скопската котлина температурата повремено ќе надминува 40 степени.
Тука се и тропските ноќи на повеќе места во Македонија, односно температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени. Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па така апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден беше топол и со пријатни летни температури на воздухот. Попладнево како што веќе кажав во централните предели од Македонија беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во Неготино имаше појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Нестабилноста беше со правец на движење од запад [...]


by