ДОЛГОРОЧНА МЕСЕЧНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Декември месец ни носи чести врнежи, постудено време и повеќе снег од лани!
Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го поминеме во знакот на значително постудено време за разлика од лани, како и со почести врнежи од дожд и снег.
Температурите овој декември ќе бидат околу, повремено и потпросечни, што значи дека може да очекува почести ладни продори од север, кои би условиле врнежи од дожд и снег, како и формирање, или зголемување веќе на постоечката снежна покривка на планините, како и на Скијачките центри.
Секако, во ваква ситуација во текот на овој месец секако дека очекуваме врнежи од снег и на пониските места (градовите) со оглед на тоа дека како што погоре најавив не очекуваат почести ладни продори од север.
Според долгорочното анализирање на времето, овие ладни продори првиот снег би го донесле и во Скопската котлина, но околу ова допрва ќе го анализирам времето, па така граѓаните на Скопје навремено ќе бидат информирани околу тоа кога ќе падне првиот снег во ниските делови од котлината.
Се на се, оваа година ќе имаме еден поинаков декември за разлика од минатите години, односно значително поладен и со повеќе дожд, снег како и со снежни идили.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]