Додека ние се подготуваме за првиот екстремно топол бран, следната седмица многу студен бран ќе ги зафати северозападните, северните и централните предели од Европа
Додека нашиот дел од европа, односно крајниот југоисточен дел од континентот, вклучувајќи ја секако и нашата Македонија следната седмица ќе не зафати екстремно топол бран кој на повеќе места ќе донесе температури и до околу 35 степени, а во централните и во југоисточните предели локално и над 40 степени, во соседна Грција како и во Турција и до околу, па и над 45 степени, северозападно и северно од нас температурите ќе бидат далеку под просекот и ќе биде многу постудено и повлажно.
Северна, северозападна и централна европа следната седмица ќе имаат невообичаено студено време за месец јуни и значителни врнежи од дожд. Во ваква ситуација, на планините би се појавиле врнежи од снег, а не се исклучува можноста снежната граница да се спушти дури и нешто пониско во овие споменати предели.

Од друга страна, во нашиот дел пак освен што ќе биде многу, до екстремно топло, ќе биде и многу сушно и без врнежи.

Се на се, пред нас е вистинско лето со многу високи до екстремно високи температури на воздухот, особено во текот на следната седмица ќе биде екстремно топло, па затоа пијте повеќе течности, и секако без потреба не излегувајте во најтоплиот дел од денот.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by