ДОАЃА ЗАЛАДУВАЊЕ И СИЛЕН ЗАПАДЕН И СЕВЕРОЗАПАДЕН ВЕТЕР: На повисоките места и на планините дождот ќе премине во снег

Моќниот циклон кој е со центар северозападно од нас, оваа ноќ и утре (четврток) претпладне ќе условува врнежи од дожд, кои особено во западната половина ќе бидат обилни (локално над 30 литри дожд на метар квадратен), а има услови и за локална појава на грмежи.

Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од западен и одс северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час), додека на планинските места со брзина до околу 100 км/час). Токму поради ова, апелирам, граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.

Поради продор на значително поладен воздух од север, во текот на оваа ноќ, и утре претпладне на повисоките места  и на планините, особено во северните и во северозападните предели од државава врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат значително пониски преку ден и ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а на повисоките и планинските места ќе биде многу постудено.

И во Скопскиот регион исто така ќе има врнежи од дожд, кои во текот на оваа ноќ и утре претпладне на околните планини тие ќе преминат во снег, а не се исклучува можноста провејување на снег до утре претпладне да има  и во повисоките населени места во Скопско. И во Скопскиот регион ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, повремено со брзина од над 75 км/час.







Занимливости