ДОАЃА СТУД НО БЕЗ СНЕГ: Следната седмица значително поладна, особено наутро со длабоки минусни температури!
Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на значително поладна, но сува воздушна маса од североистокот и од истокот на Европа. Истата ќе услови значително пониски температури на воздухот, особено во утринските часови кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата.
Во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места и на Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат и до околу -10 степени, локално и под -10 степени. Преку денот пак тие на повеќе места нема да надминуваат 5 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени. На планинските места, како и на Скијачките центри ќе биде значително поладно.
Со овој ладен продор, повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, кој се очекува значително да го прочисти воздухот низ котлините кои се многу загадени во моментов, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.
Само да напоменам, дека само во понеделник (3 февруари) ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by