Доаѓа снегот во Македонија: Пообилни врнежи во западните и во јужните предели
Под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент, ноќта вторник кон среда и во среда на 21 Јануари во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и тие особено во јужните и во западните предели ќе бидат пообилни каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка а на високите и на планинските места истата ќе се зголеми.
Во западните и во јужните предели во градовите ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен а во Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје и околината со овој бран ќе има врнежи со слаб до умерен интензитет и тие ќе бидат од дожд и од снег или влажен снег а во околните повисоки места ина планините врнежите ќе бидат само од снег. И во Скопје и околината повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.
Што се донесува до температурите во среда на 21 Јануари наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени. Во Скопје во среда на 21 Јануари наутро температурата ќе се спушти до окоу -3 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 3 степени.
Поради очекуваните врнежи од снег апелирам на внимателно возење, особено доколку се дижите низ планинските превои каде поради ниските температури очекувам појава на голомразица.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by