ДОАЃА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Покрај ладното време, следуваат послаби врнежи претежно од снег!
Од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе имаме поголема облачност, а особено во западните и во југозападните предели ќе има и повремени локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите повремено ќе има повремени послаби врнежи од дожд и од снег.
Во дел од градовите ќе се формира мала снежна покривка, а на планините, како и на Скијачките центри секако постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Што се однесува до времето во Скопје и околината, од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег.
Температурите пак наутро и покрај тоа што ќе бидат повисоки, и тоа поради облачноста, сепак, на повеќе места ќе останат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање и на повеќе места ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, а на повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат до околу, па и под нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by