Доаѓа многу топол бран од Африка, следната седмица температури до 40 степени!

Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон нашата Република Македонија, од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност  и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе се покачат  и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Повардарието од средината на следната седмица температурата ќе се искачува  до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]