До сабота многу повеќе сонце – Од недела зголемување на облачноста, а во почетокот на следната седмица следуваат врнежи!
До сабота во Македонија ќе имаме многу повеќе сонце, додека од недела се очекува постепено зголемување на облачноста. Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат не многу под нулата, односно за неколку степени под нулата.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во југоисточните предели и тоа особено за време на викендот температурите би можеле да се искачат и малку над 15 степени.
Во Скопје и околината ќе имаме стабилно, суво и сончево време додека во недела ќе има постепено зголемување на облачноста. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуват во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Од почетокот на следната седмица ќе започнат повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (сабота 17 мај) во нашата Република Македонија помина во знакот на по суво и променливо време со сончеви периоди. Сепак, локално, особено во западната половина од нашата Македонија имаше појава на повремен локален послаб дожд. Температурите денес беа значително пониски и потпросечни за средината на месец мај. На табелата можете да ги видите денешните максимални дневни температури [...]