До сабота (5 април) релативно топло, локален пороен дожд, грмежи и ветер!
До сабота (5 април) во нашата Република Македонија продолжува периодот на релативно топло време и без некои поголеми температурни разлики во однос на оние кои ги имаме сега. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилнот и локална појава на грмежи. Не се исклучува можноста и за појава на редок град.
Да напоменам дека за време на овој период, повремено, на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег.
И во Скопскиот регион продолжува релативно топлото време, но ќе биде повремено нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, засилување на ветерот во зоната на нестабилност, а има услови и за ретки грмежи.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by