ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: Попуштање на студот, магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Вторник 12 Мај 2026 ни донесе ведро и релативно топло време во Македонија со појава на умерена облачност особено во западните предели. Уште од ова утро повремено дуваше засилен ветер од западен правец особено во западните предели. На табелата која утрово ја објави УХМР можете да ги видите измерените минимални температури до 8 часот утрово по градови [...]


by