ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!
За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност.
И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и тивко, додека во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, за време на новогодишната ноќ тие е се движат во интервалот од -3 до 2 степени, додека на 1 Јануари 2025 (среда) во текот на денот максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Исто така, постудено ќе остане во котлините со магла и со ниска облачност. Во Скопје пак на 1 Јануари 2025 година во текот на денот максималната температура ќе се искачи до околку 7 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by