ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ ПОВТОРНО ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ПОЈАВА НА СИЛНО НЕВРЕМЕ: На повеќе места ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Македонија останува под влијание на циклонска активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности, во следните часови како и вечерва повторно на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, и тоа особено во западните, централните како и во североисточните и во источните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде и крупен.
И во делови од Скопската котлина во следните часови како и вечерва ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 34 степени.
Во случај на појава на невреме апелираме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]