Денес (петок) обилни врнежи од дожд, силен јужен ветер и локално невреме!
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон сабота ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие денес и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]