Денес (петок) натпросечно топло време со летни температури, но и со локален дожд, проследен со ретки грмежи!
Денес (петок) во Македонија и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Сепак, времето ќе биде променливо облачно, а ќе дува и ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, кои во попладневните часови локално, особено во северните предели ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Во Скопскиот регион денес (петок) исто така ќе биде натпросечно топло со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 27, 28 степени. Сепак, и во делови од Скопскиот регион ќе има услови за повремен дожд, кој попладне би можел да биде пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од неповолни временски услови во Македонија, но и во цела југоисточна Европа “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by