ДЕНЕС ИМАВМЕ ВИСТИНСКИ ЛЕТЕН ДЕН: Измерена е максимална температура во Македонија од 32 степени

Денешниот ден во Македонија беше навистина летен, иако календарски есента ни започна. Најтопло до 17 часот според УХМР беше во Скопје Петровец, Демир Капија  и во Велес каде беа измерени 32 степени. Најниска максимална тепература денес е измерена како и вообичаено во Крушево, и тоа 22 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени денес до 17 часот во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Како што напоменав, преубав летен ден, иако е есен ќе имаме  и утре (сабота), ќе има многу сончеви периоди, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени. Максималната температура утре (сабота) во Скопскиот регион ќе се искачи до околу 33 степени.







Занимливости