ДЕНЕС И УТРЕ (САБОТА) ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Можно е локално невреме
Денес и утре (сабота) и тоа поради веќе споменатата циклонска активност која е со центар источно и југоисточно од нас, во попладневните и во вечерните часови во Македонија ќе настапи поголема дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, на повеќе места ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината денес и утре (сабота) во попладневните и во вечерните часови ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Апелираме во случај на појава на невреме, како и на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Најниски температури преку ден ќе имаме денес и утре (сабота). Денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, додека утре тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 32 степени, додека утре таа ќе се искачи до околу 31 степен.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]