Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!

Денес  и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) во нашата Република Македонија продолжува влијанието на многу топлата воздушна маса која ни продира од југ, односно од Африка. Токму ова ќе услови и понатаму да имаме претежно сончево и многу топло време со температури кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието тие повторно ќе надминат 40 степени.

И во Скопје  и околината останува многу топло овие два дена со температура која ќе се искачува до околу 40 степени, или пак ќе надминува 40 степени.

Сепак, овие два дена ќе биде многу ветровито, односно, повремено ќе дува засилен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). И во Скопскиот регион овие два дена повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Ув индекост денес  и утре ќе има многу висока вредност  9. Па така токму поради ова апелирам граѓаните, особено оние возрасните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.

Како што веќе претходно најавив, од среда навечер (9 јули) ни следува продор на многу поладен воздух од северозапад и тоа преку алпскиот регион кој ќе ги спушти температурите кај нас  и за повеќе од 10 степени за разлика од оние температури кои ги имаме сега. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.







Занимливости

  • 09 Јун 2026

    Вчерашното попладне Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија донесе поголема дестабилизација на атмосферата и развој на конвективни облачни грмотевични јадра на повеќе места во Македонија кои беа проследени со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Најинтензивни атмосферски процеси имаше во Охридско - Струшкиот регион како и во Преспа каде имаше појава на силно [...]