Денес и утре (четврток) променливо и свежо во Македонија со повремено засилен северен ветер – Особено во западните предели и со локален пороен дожд
Денес и утре (четврток) во Македонија времето ќе биде значително посвежо и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса која продира од север. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален пороен дожд проследен со ретки грмежи.
И во Скопскиот регион денес и утре (четврток) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот некаде од 9 до 18 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен, што значи дека ќе бидат потпросечни за почетокот на јули.
Во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 29 степени. Наутро пак таа ќе се спушта во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Недела 31 Мај 2026 во Македонија ни донесе ведро и не многу свежо време Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. Најсвежо до 8 часот утрово беше во Берово со измерена минимална температура од 6 степени а највисока минимална температура ова утро исто така до 8 часот беше измеена на Тополчани и тоа 15 степени. На [...]


by