ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ? Среде месец Мај ни се враќа зимата
Новата седмица која што ни доаѓа низ целиот Европски Континент вклучувајќи го и Балканот а со тоа секако и Македонија ни носи нагла и огромна промена на времето, обилни врнежи, бурен ветер како и огромен пад на температурите и за повеќе од 15 степени. Од северозапад ќе ни се спушти многу поладен воздух кој ќе ги спушти температурите значително под просекот за месец Мај.

Покрај огромниот пад на температурите на воздухот ќе има и локална појава на невреме, па дури и појава на планински снег на Балканот а обилни врнежи од снег очекувам да има во Алпскиот регион.

На метеоролошката карта може да видиме дека во најголем дел од Европскиот Континент и на Балканот ќе имаме обилни врнежи и како што претходно кажав ќе има и појава на планински снег.
Да напоменам дека оваа нагла и огромна промена на времето особено лошо ќе се одрази врз метеопатите кои ќе имаат поголеми здравствени проблеми.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро Сабота 13 Јуни 2026 во Македонија ни донесе претежно ведро и доста свежо време со температури под просекот за месец јуни. На повеќе места во Македонија утрово температурите се спуштија под 10 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија, тоа значи дека ветерот од северен правец краткотрајно се стиши, а повторно повремено засилен ветер од [...]


by