ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ? Македонија на удар на првиот топлотен бран од Африка!

Територијата на нашата Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона. Во ваква ситуација, температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, ќе има услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период температурите ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде претежно стабилно, суво  и со многу повеќе сончеви периоди.

Температурите на воздухот во текот на следната седмица ќе бидат прави летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека од средината на следната седмица температурите во Повардарието ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината температурата во текот на следната седмица ќе надминува 30 степени, додека од средината на истата температурата ќе се искачи до околу, па и ќе надминува 35 степени.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]